Волф: Најбрзиот круг на Хамилтон беше апсурд

Луис Хамилтон победи во Британија во голем стил и во последниот негов круг го освои дополнителниот поен за најбрз круг со хард гуми стари 32 круга. Тото Волф овој потег го нарече апсурд.

Иако британецот профитираше од безбедносното возило што го спречи Ботас во борбата за прва позиција тој ја заврши трката со дополнителен поен. До сега овој поен го добиваше возач кој не успеал да победи на трка, така што Хамилтон овој пат го сруши тој мит.

Смешно е бидејќи со новите правила за поени за најбрз круг, инженерите утрото не советуваа дека нема потреба од тој поени бидејќи е преголем ризик. Но, гледате дека возачите сепак одат кон тоа. Со толку стари гуми тој успеа да стигне до најбризот круг.

Техничкиот директор Џејмс Алисон го поздрави напорот на Хамилтон.

Тоа ве остава без здив. Со толку стари гуми да извози најбрз круг е импресивно.

Победата на Хамилтон е негова седма сезонава и тој веќе има 223 поени што е 39 повеќе од вториот Валтери Ботас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ