Волф: На хартија, Монако е предизвикувачко за нас

Шефот на Мерцедес, Тото Волф повторно изјави дека остануваат скромни и покрај апсолутната доминација на тимот пред трката во Монако.

Тие имаат рекордни пет 1-2 победи оваа сезона, но сепак Волф е смирен и смета дека има уште 16 трки до крајот. За него следната трка во Монако ќе биде најтешка од сите бидејќи тимот нема победено во последните две години, а претходно имаше 4 последователни победи.

Во наредните две недели не чека огромен предизвик. До сега немавме добри перформанси во Монако. Се сеќавате колку беше силен Рикардо минатата година. Беше класа за себе.

Треба да одиме чекор по чекор. Следната трка е голем предизвик за нас на хартија. Тоа ја прави доста возбудлива. Би сакал уште утре да сме таму. СИте работат колку што можат да го разберат болидот за Монако. Да видиме што ќе биде на наредната трка – најави тото.

Мерцедес доби една од своите победи откако Шарл Леклер имаше проблеми со моторот при крајот на трката во Бахреин, но Волф останува смирен дека има уште многу поени до крајот на сезоната.

Мислам дека треба да сме скромни и со двете нозе на земја. Имавме 5 трки со одлични перформанси и ништо не земавме здраво за готово. Ова навистина го мислам, не го кажувам туку така.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ