Волф: Не може да победиме на сите трки

Откако Мерцедес победи на првите пет трки оваа сезона во доминантен 1-2 стил, сите се прашуваат дали тимот ќе успее да победи на сите трки оваа сезона и да направи нешто досега невидено во моторспортот.

Тоа не е реално. Треба да останеме скромни, но тоа не го гарантира успехот – најави волф.

Разликата во однос на Ферари се зголеми по трката во Шпанија, а Макс Верстапен заврши на трето место пред двата болида на Ферари.

Ферари и Ред Бул имаат доста ресурси и може да направат пресврт за многу кратко време.

Сепак пресврт нема да се случи во Монако иако Ред Бул треба да го имаат најбрзиот болид на тесната патека. Кристијан Хорнер верува дека Мерцедес ќе останат најдобри и во Монако, но Матиа Биното од Ферари сеуште се надева на подобра иднина.

Имаме два важни денови на тест. Сигурен сум дека ќе завршиме одлична работа во Монако. Шампионатот е далеку од завршен – најави биното.

Волф признава дека доминацијата на Мерцедес е проблем за фановите.

Како навивач сакам несигурност и изненадување. Дискутиравме со управниот одбор за да видиме што ќе правиме по 2020 година. Имаме долготрајна цел и се надевам дека повторно ќе биде потешко.

Платформата е сеуште корисна за нас. Го градиме нашиот бренд и не знам во кој правец ќе се движи авто индустријата во наредните години.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ