Волф не се откажува од Верстапен за 2020

Тото Волф не ја отфрла можноста да тргне по Макс Верстапен како возач на Мерцедес за 2020 година.

Во послендо време многу се зборува за клаузулата во договорот на холанѓанецот според која доколку тимот не понуди конкурентен пакет, договорот може да биде раскинат. Доктор Хелмут Марко и менаџментот на холанѓанецот ја потврди клаузулата, но детали нема.

Неодамна проструи и шпекулацијата дека Тото често разговара со Јос Верстапен, но австрискиот тимски шеф изјави дека тоа е само на пријателска база.

не сум разговарал со макс, иако би сакал да се счушам со него како во минатото.

најпрво ние ќе работиме на проценување на нашиот тандем возачи и ќе почнеме соодветни дискусии со нив, а потоа следуваат и останатите – изјави волф во австрија.

Медиумите пренесоа интерес и од Ферари, но Матиа Биното демантираше велејќи дека возачкиот тандем во Маранело за следната година е фиксиран.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ