Волф никогаш не загубил верба во Рено за Окон

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, вели дека никогаш не загубил верба во Сирил Абитебол од Рено, иако вториот се повлече од зделката во која Естебан Окон требаше да премине во Рено минатата година, истакнувајќи дека двајцата шефови “мора да играат цврсто и да забораваат брзо“.

Договор беше донесен, но не беше потпишан кога Рено го променија своето мислење во последен момент и го донесоа Даниел Рикардо.

Волф ги истакна своите фрустрации со Рено во тој период, особено бидејќи немаше друга опција за французинот во моментот. Сепак, преговорите продолжија и Рено се откажаа од Нико Хулкенберг, а го избраа Окон за 2020 и 2021 година.

Волф вели дека несогласувањата се во минатото и одвај чека на нова соработка со Абитебол.

Не, никогаш не изгубивме верба. Постојат толку многу работи кои ги дискутираме помеѓу Рено и Мерцедес, кога дискутираме во која насока треба да се движи спортот, како и ситуацијата со Естебан, сето тоа е дел од играта.

Имаше фази кога не се согласувавме, но потоа мора да се продолжи. Ништо не е сменето во односот со Сирил и почитта која ја имам за Рено како бренд. Поради тоа продолжуваме. Мора да играме цврсто, но и да простуваме бргу.

Абитебол признава дека Рено го ставиле Волф во тешка ситуација кога не го избрале Окон.

Не се чувствував екстремно удобно со начинот на кој се одвиваа работите минатата година. Дефинитивно не беше убава работа, но не беше наша намера да го оставиме Окон со празни раце поради трансферот на Даниел.

Не можеме да ги понудиме сите детали, но мислам дека не се справивме со целата драма добро. Поради тоа мислам дека оваа година направивме добра одлука. Бевме појасни околу сите параметри и тајмингот и ги испочитувавме.

Дискусијата беше мошне флуидна, екстремно транспарентна, со една едноставна цел.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ