Волф: Новите Parc Ferme правила ќе бидат голема грешка

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, смета дека Формула 1 ќе направи голема грешка доколку им забрани на тимовите да ги променат деловите на болидите во тркачкиот викенд доколку се прифатат новите парк ферме правила.

Шефовите на Ф1 и ФИА се во процес на финализирање на целосно нови правила за 2021 година, а сега излезе веста дека еден предлог е првите две тренинг сесии да бидат подоцна во Петок.

Инспекцијата би се одвивала во Петок наутро, а парк ферме правилата би започнале пред тренингот, што значи никакви големи промени на болидите не смеат да се случат откако ќе излезат на патеката.

Но Волф се сомнева во предлогот и смета дека тоа ќе ги натера тимовите да инвестираат повеќе средства во симулации и динамометри пред да пристигнат на патеката.

Не ни се допаѓаат парк ферме правилата од Петок до Недела.

Не постои формат кој забранува да се работи на болидите во текот на викендот и сметам дека не треба тоа биде случај во Формула 1, врвот на моторспортот.

Ќе се претера со казните, бидејќи болидите ќе завршат во ѕид, ќе треба да се поправат. Од идеја да имаме повеќе непредвидливост, повеќе расипани болиди, ќе го постигнеме спротивниот ефект.

Ќе поминеме повеќе време во развој во виртуелниот свет, повеќе време на динамометри бидејќи знаеме дека нема да смееме да ги допреме во текот на трите дена. Мислам дека не треба тоа да се менува. Постојат многу други области каде има смисла, оваа не е една од нив.

Доколку парк ферме се помести во Петок наутро тоа ќе ја елиминира потребата Ф1 персоналот да биде на патеката во Четврток, со што ќе се намали количината на работа за истите.

Според предложениот формат, тимовите ќе треба да учествуваат во квалификациите и во трката користејќи сетап подесен во Петок пред да се излезе на патеката. Според моменталната спортска регулатиа, тимовите треба да го обезбедат сетапот за суспензијата пред квалификации, а откако болидите се во парк ферме, може да се прават многу лимитирани промени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ