Волф: Ова беа аматерски квалификации

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, ги нарече стратегиите со влечење на денешната квалификациска десија како јуниорска формула. Последниот квалификациски сегмент беше прекинат на средина поради црвеното знаме од излетувањето на Кими Раиконен.

Во последните минути и последното излегување на патеката за летечки круг предводено од Нико Хулкенберг, германецот во првата шикана продолжи напред за да не го сече воздухот за ривалите. Во таква ситуација сите драстично забавија чекајќи го Хулк да де врати на чело.

На крајот само Саинз и Леклер имаа можност да извозат летечки кругови, но сепак пол позицијата ја задржа Шарл Леклер.

Ова е нешто што се гледа во јуниорската формуЛа. Проблемот е дека сите сакаат да бидат влечени и тоа е игра на нерви кој прв ќе излезе. На крајот треба да се намали брзината пред да се влезе во шиканата. Ова е јуниорска класа, смстерско возење и сите изгледаа како идиоти – изјави тото.

Според Волф, Хулкнеберг е главниот виновник.

Сите кои беа напред треба да се виновни. Хулкенберг ја предводеше колоната и продолжи напред преку шиканата и сите ја намалија брзината. Не вреди ова за Формула 1.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ