Волф: Работа ни е да победуваме, а не да носиме забава

Тото Волф, првиот човек на Мерцедес, смета дека никој не може да ги обвинува за доминацијата на првите пет трки од сезонава, иако ги разбира фрустрациите и здодевноста на гледачите.

“Сребрените стрели“ имаат пет последователни 1-2 победи на првите пет трки од сезоната, нешто што го нема направено ниту една екипа во историјата на спортот. Четири од тие пет победи беа решени уште во првиот круг, освен онаа во Бахреин која ја освоија благодарение на дефектот во болидот на Шарл Леклер.

Само две од последните пет сезони борбата за титула теоретски била решавана во последната трка.

во чудна позиција сум, всушност и не е баш така. во јасна позиција сум затоа што моја работа е да ги максимизирам перформансите. притискаме секаде и се обидуваме да имаме совршен круг во секој дел од трката на сите трки затоа што имаме фантастиачни група на луѓе.

екипата се мачеше за време на зимскит етестови и супер задоволни сме што стигнуваме до вакви рзултати – објасни волф.

Сепак, на австриецот му е жал за фановите кои годинава не гледаат трки со неодлучен победник.

од друга страна секако дека сите останати кои не се во мерцедес сакаат неизвесност, непредвидливост, интересни и возбудливи трки. сите уживавме кога ливерпул се врати од 3-0 против барселона или наичнот на кој тотенхем стигна до финале. како вљубеник во спортот секако дека сакам варијабилност, но тимот не смее да гледа така.

исто така сметам дека ќе си навлечеме многу лоша среќа ако сметаме дека ја “газиме“ конкуренцијата и дека сме непобедливи. со такво размилсување сигурна следната трка ќе не казнат.

Импресивно е тоа што Мерцедес победи на 13 од последните 16 трки, а загуби само од Ферари во Белгија и Америка и од Ред Бул во Мексико.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ