Волф смета дека Верстапен дошол прерано за нив

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, смета дека тоа што Макс Верстапен дошол во спортот во екот на нивната доминација придонело до тоа тие да пропуштат да го ангажираат како возач.

Холанѓанецот потпиша договор со Ред Бул во 2014 година, следната година дебитираше за Торо Росо, а во 2016 година експресно беше прекомандуван во Ред Бул.

Во 2017 година Мерцедес имале обид да го земат кај себе, но тој одбрал да потпише долгогодишен договор со надеж дека во 2020 година ќе се бори за титула.

прво да кажам да кажам дека од своето влегување во формула 1 момчето се покажа како многу талентирано. во ред бул му беше дадено време да созрее, му беше дозволено да греши во торо росо, но и во ред бул, како на пример лани во азербејџан.

врвните возачи учат така, а неговиот напредок од лани до оваа година е импресивен – смета волф.

На Тото не му е криво што не го потпишал Верстапен, но се надева дека Мерцедес во своите редови ќе го има новиот Верстапен.

се се случува поради причина, а на ред бул му беше дадено ова момче за да го развијат. во тоа време ние немавме можности и структура за развој на јуниори, фокусот беше на победите на трки и титули како тим. формула 1 беше свежа за нас.

секако дека ние го сакаме следниот макс, неколкумина веќе доаѓаат во нашата тренинг програма. сепак, вистинскиот макс верстапен во формула 1 дојде прерано за нас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ