Волф: Учество во серијалот на Нетфликс беше одвлекување на вниманието

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, истакна дека учеството на екипата во серијалот на Нетфликс, “Formula 1: Drive To Survive“ ќе било непотребно одвлекување на вниманието при обидот да се освои двојната круна.

Двете “Сребрени стрели“, како и ривалите од Ферари беа забележливо отсустни од серијалот кој покажа поинаква слика на светот на Формула 1, како и детали кои често не се дел од ТВ преносот.

Волф сметал дека дополнителната работа ќе имала негативно влијание над нивните аспирации за титула, како и над притисокот да се инволвираат покрај одлуката на Ферари да не учествува.

Мислам дека имавме добри причини да не учествуваме минатата година. Главната причина е што сметав дека тоа може да биде потенцијално одвлекување на вниманието, особено откако нашиот главен ривал одлучи да не учествува. Постои поинаква атмосфера која ја имате во тимот и сакате да ја заштитите.

Кога имате микрофон над глава и камера насочена кон вас, а веќе ги имате сите медиа обврски, колку и да се дел од Формула 1, тоа веќе е голем дел од викендот.

Сметав дека поголемо учество ќе ни наштетеше во нашиот перформанси и поради тоа одлучив дека не е за нас.

Австриецот призна дека почнал да ја следи серијата додека патувал кон Мелбурн и ја пофали продукцијата. Волф исто така е отворен да учествува во иднина доколку тимот и спонзорите се задоволни со нивното учество.

Но сепак, имам отворен ум и ги гледав првите 3 епизоди додека патував кон Австралија и ми се допаднаа неколку работи, а продукцијата е дефинитивно одлична и на многу високо ниво.

Луѓе во тимот ни велат дека е добра и дека покажува целосно поинакво светло на Формула 1.

Приказната е интересна и создава приказни за кои не бевме свесни, не е само Ферари против Мерцедес, но дефинитивно има интересни приказни.

Од фановите слушам, кои не се вообичаено заинтересирани во Формула 1, дека е одлична. Така што, мора да размислиме и да одлучиме дали ќе бидеме дел од тоа или не – заклучи Волф.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ