Волф ја откри маката на Ботас

Валтери Ботас имаше дфинитивно најбрз болид во завршницата од Италијанското Гранд При, но не победи на трката, а Тото Волф откри дека тоа е поради долгото следење на болидот пред себе.

Шарл Леклер речиси цела трка го контролираше Луис Хамилтон зад себе се до кругот број 42 кога актуелниот првак не мина правилно низ првата шикана по што беше претекнат од неговиот колега. Последните 11 кругови припаднаа на Ботас кој доби можност за победа.

Но и финецот направи грешка на првата шикана по што му даде можност на Леклер “да диши“ и да менаџира со предноста, доволно за да победи. Тото Волф смета дека неговиот фински возач сеуште треба да поработи на своите трки.

се чини дека се мачи кога стигнува зад болид и во тој случај не може да го извади максимумот. во таква позиција луис успева да се доближи и да се најде во позиција да нападне.

мора да поработи на тоа, но позитивната страна е дека одлично се тркаше, беше брз, веројатно најбрз болид во вториот дел на трката – потврди волф.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ