Во Ферари сметаат дека стандардизирање е против духот на Ф1

Шефот на Ферари, Матиа Биното, ја предупреди Формула 1 да не воведува стандардизирани делови во 2021 година бидејќи тоа е против духот на тркачката серија.

Поради намалување на трошоците се форсира воведување на стандардни делови со новите правила за 2021 година. ФИА сака стандардни тркала и сопирачки покрај стандардниот пренос, управувач, педали и опрема во боксот. Но сепак Биното не ги подржува.

Не сум задоволен, Ниту Ферари е задоволен. Мислам дека од почетокот кажавме дека не подржуваме стандардизација и тоа дека се оди целосно во тој правец.

Зошто сме против тоа? Поради тоа што во ДНК на спортот е натпреварување, а тоа се губи со стандардизацијата.

Второ бидејќи тоа не значи заштеда на пари бидејќи треба да го преправите болидот од вашите делови кон стандардните и тоа чини пари. Затоа мислам дека ова не е добро.

Биното смета дека Ферари може да се согласи со ограничување на буџетите доколку тоа ги намали трошоците.

Одржливоста е важна, но мислам дека сите сме за ограничување на буџетите и да има добра финансиска регулативе во иднина, а не само да се направи намалување на трошоците бидејќи разликата меѓу малите и големите тимови е голема.

да се вратам на стандардизацијата. Не мислам дека стандардните делови ќе заштедат пари бидејќи на тој начин сите ќе трошиме до лимитот. За големите тимови нема да направи разлика. Иако ја разбирам целта мислам дека ова не е правилен начин – објасни биното.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ