Вработени во Мерцедес отпуштени поради расизам

Формула 1 тимот на Мерцедес отпуштиле четворица вработени, а дисциплинираше уште тројца за прекршување на нивната политика за разновидност и еднаквост во фабриката во Брекли.

Вработени биле отпуштени на 2ри Август, по истрага на поднесена жалба. Изјавата на Мерцедес гласи:

Го осудуваме ова однесување целосно и веднаш реагиравме по жалбата. Ја цениме разновидноста на нашите вработени и тоа е извор на сила во нашиот тим.

Нашата работна атмосфера е основана на благодарност и взаемна почит.

Според британскиот таблоид, The Sun, отпуштените вработени биле инволвирани во расистички активности и навреди кон вработен од муслиманска вероисповед.

Мерцедес често ја истакнуваат атмосферата во својот тим како поттик за нивната доминација во Ф1, на патеката и во нивните фабрики. На почетокот на годината, тимскиот шеф Тото Волф, изјави дека тие успеале да “создадат атмосфера во која всушност се ужива во работата“ и дека тој нема толеранција за “внатрешни политики“.

Се работи за почит и ценење на вработените и нивните цели. Толку е едноставно. Ние навистина се грижиме еден за друг. Тоа не го велам само како реченица која звучи убаво и која би стоела на некој билборд.

Размислувањето е тоа што функционира во тимот и се пренесува преку сите области во нашата организација.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ