Гасли: Важно беше да испорачам резултат за Антоан

Првата трка за Пјер Гасли со Торо Росо беше мошне емотивна, а французинот стигна до деветто место ден откако го загуби својот пријател, Антоан Хубер, во ужасна несреќа од Формула 2 трката во Белгија.

Порано влегување во бокс го чинеше многу при крајот на трката и изгуби две позиции по што беше надвор од поени, но откажувањето на Норис и Џиовинаци овозможи тој да се врати во поени.

Ова беше многу емотивна трка во мојата кариера, беше важно да испорачам најдобри перформанси за Антоан. На крајот ова беше добар резултат и среќен сум со двата поена во мојата прва трка со Торо Росо.

Знаев дека ќе биде тешка трка. Имавме агресивна стратегија и знаевме дека ќе мора многу да се бориме на крајот со другите кои возеа на софт компонента.

Дадов се од себе во нападите и во одбраната, имав добри блиски дуели и навистина сум среќен што освоив поени, за тимот и за Антоан.

Открив неколку работи околу болидот во трката. Прилично е поинаков од Ред Бул и круг по круг стануваше се подобро, така што сигурен сум дека ќе следи повеќе во наредните трки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ