Гасли: Го замолив Шарл да победи за Антоан

Пјер Гасли покажа почит кон својот починат пријател, Антоан Хубер и вели дека ќе му биде потребно време да ги процесира настаните од овој тркачки викенд во Белгија.

Јуниорскиот возач на Рено, Хубер, загина во несреќа во почетниот дел од Формула 2 трката вчера во Белгија.

Хубер и Гасли беа блиски пријатели и откако се пласираше на деветто место по трката со Торо Росо, Гасли имаше емотивна изјава за својот прерано заминат пријател.

Дефинитивно беше најемотивен момент пред трката, бидејќи на 22, 23-годишна возраст не е лесно да се живеат вакви моменти. Го губите еден од своите најдобри пријатели, пораснав со овие момци од 7 години во картинг, бевме цимери, живеевме во ист стан, во иста соба, шест години.

Бевме другари во училиште од 13 до 19 години учевме заедно, со истиот професор во приватно школо. Сеуште сум шокиран, Не сфатив колку брзо може да се случи нешто вакво. Ужасно е.

Веќе имам планови да се видам со сите наши заеднички пријатели утре, бидејќи никој од нас сеуште не може да прифати што се случи вчера.

Го замолив Шарл пред трката да победи за Антоан. Почнавме да се тркаме во исто време, Шарл, Антоан, јас, а Антоан победи во Францускиот Куп во 2015 година.

Се тркавме многу години заедно и се познававме. Помеѓу Жил Бјанки, пред неколку години и сега Антоан, ова е ужасно за францускиот моторспорт. Тие беа двајца одлични карактери и тешко е да се прифати ова.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ