Гасли го објасни инцидентот со Верстапен

Пјер Гасли изјави дека не го видел својот тимски колега Верстапен зад него, а тој инцидент заврши со удирање на холанѓанецот во славниот ѕид на шампионите.

Верстапен ги оштети десните трката и изгуби значително потисна сила. По инцидентот, Гасли изјави дека го видел Верстапен во последен момент кога му било јавено да забрза.

Многу доцна ми јавија, а јас се подготвував за мојот летечки круг зад Роман Гросжан. Кога ми кажаа да забрзам тој беше 5 секунди назад. Подоцна ми кажаа дека го удрил ѕидот, но јас не видов што се случи. Ќе видиме ќе зборуваме за тоа.

Верстапен не е сигурен под кои околности се случил нцидентот.

Мислам дека на Пјер му кажаа да забрзам и не знам што се случи. Влегов во шиканата имав подуправување и го допрев ѕидот. Навистина е штета. Изгубивме драгоцено време. Не беше перфектно, но имаме уште работа. Треба да се подобриме но не е толку драматично.

На прашање каде го гледа Ред БУл до крајот на викендот тој изјави.

Мислам дека сме подобри од 4та позиција. Карлос заврши таму а ние сме подобри.

Гасли сепак е попретпазлив за тоа дали може да го предизвикаат Мерцедес и Ферари.

Денес беше доста тешко. Ни недостасува грип и треба да видиме во текот на вечерта. Сепак е петок и имаме уште многу перформанси.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ