Гасли демантира дека Ред Бул ќе “го шутнат“

Возачот на Ред Бул, Пјер Гасли, вели дека не сака да го губи своето време во објаснување на с***е шпекулациите околу неговата иднина во Формула 1.

Гасли имаше тежок старт на сезоната со Ред Бул, откако порано од предвиденото беше промовиран од Торо Росо. Тоа доведе до шпекулации околу неговата иднина во тимот, а во Монако се појавија гласини дека Нико Хулкенберг е поврзан со второто возачко место покрај Верстапен.

Ова беше негирано од Хелмут Марко, за кој Гасли истакна дека му се јавил по Монако за да му појасни дека тоа не е случајот.

Искрено не сакам да губам време со вакви с***а. Имам поважни работи пред себе, како мојата работа, моето семејство и моите пријатели.

За мене вакви глупости се лошо новинарство. Не сакам да коментирам повеќе околу ова.

Мојата форма се подобрува, инаку немаше да имам перформанси како во Монако. Завршивме 10 секунди позади победникот, стартувајќи од осмата позиција.

Се уште се чувствувам дека не го постигнувам максималниот потенцијал од себеси моментално. Сеуште има работи во кои не се чувствувам удобно. Но од трка до трка гледам дека работите се подобруваат.

Соработката со Марко е добра. Тој ме подржува и тој знае се што се случува во тимот. Досега е навистина добро.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ