Гасли е помотивиран од порано

Французинот Пјер Гасли е во тежок период од својата кариера откако беше уназаден од Ред Бул во Торо Росо поради тоа што не ги исполни очекувањата на тимот, но решене е да покаже што може во последните 7 трки од овогодинешниот календар.

На првата трка во стариот тим тој заврши со 2 поени од 9то место на Спа, додека на Монца пропушти да финишира во топ 10.

имав емотивно многу тешки посленди неколку недели, се случија многу работи и не беше воопшто лесно. сега сум задоволен од тоа каде се наоѓам со тимот и начинот на кој ги одработив првите два викенди со инженерите.

тркачкиот викенд многу брзо поминува и нема многу време за пробување и тестирање, но мислам дека сум многу подобро подготвен и се движам во посакуваната насока поради што сум среќен.

од скорешните настани (смртта на антоан хубер) страдаа многу мои пријатели и моето семејство кое е големо, ни требаше да минеме време заедно и да се соземеме. во себе имам повеќе желба и мотивација од порано затоа што знам што можам да постигнам на трките до крајот на сезоната со торо росо.

секако дека немав лесен период затоа што се случија работи надвор од моја контрола, но решен сум да успеам повеќе од порано – најави гасли.

Огромен предизвик за Гасли е тоа што мора да се прилагоди целосно на новиот болид откако првите 12 трки ги комплетираше во друга екипа.

на многу начини чувството е поинакво и тешко е да се споредат двата болиди. изненаден сум колку два болиди во формула 1 може да се разликуваат. секако дека сеуште не се чувствувам целосно удобно и треба да бидам поконкурентен.

знам дека можам да извлечам повеќе перформанси од болидот. има работи кои не се подесени како што сакам и инженерите мора повеќе време да работат со мене.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ