Гасли: Немам проблем со Хорнер и Марко

Пјер Гасли истакна дека има поддршка од тимскиот шеф Кристијан Хорнер и советникот на Ред Бул, Хелмут Марко, иако има тежок старт на новата сезона.

Перформансите на Гасли во 2018 година со Торо Росо му овозможија место во Ред Бул откако Даниел Рикардо одлучи да замине во Рено за 2019 година.

Но французинот е постојано поразен од Макс Верстапен, а заврши пред холанѓанецот само во трката во Британија.

Местото на Гасли веќе е под закана, а Марко бара од него да се подобри, но 23 годишниот возач вели дека сеуште се обидува да дознае како да го извлече максимумот од РБ13.

Да се биде во врвен тим е најдобра позиција во Формула 1. Јас имам 23 години и ова е моја втора сезона во Формула 1, со Ред Бул, тим кој се бори за подиуми. Тоа е одлична позиција.

За мене лично, станува збор за разбирање на целосниот потенцијал од себе си за да испорачам резултати и работам напорно кон тоа, заедно со екипата. Како бренд, навистина ми се допаѓа суштината на Ред Бул. Одлично е да се создаде атмосфера во која созревате како возач.

Тимот навистина ми помага да научам повеќе, како сите работат, ми даваат совети при соработката со инженерите. За време на викендот, тие се инволвирани во перформансите.

Во текот на неделата, имам телефонски повици, го анализираме викендот и гледаме што може да се подобри, што било добро и кон што треба да работиме за следната трка.

Сега ги познавам подобро (Хорнер и Марко). Пред да станам дел од тимот, имав поинаква врска со нив како млад возач, но сега, возејќи за сениорската екипа, врската стана подлабока и среќен сум како се одвиваат нештата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ