Гасли: Одиме во Сингапур со позитивна мисла

Пјер Гасли изјави дека има многу позитивни моменти од трката во Италија и покрај тоа што не освоиле поени. Пред Сингапур, Гасли е сигурен дека трката во Монца била силна, а контактот со Ленс Строл го спречил да дојде до топ 10 резултат.

Гасли ја започна трката по промената на моторот Хонда кој беше доста подобар од претходно и според него тој очекува силен резултат во Сингапур.

И покрај тоа што не го добивме посакуваниот резултат, викендот во Монца беше доста позитивен. Бевме силни во петокот и нашето ниво на перформанси беше подобро од очекуваното.

Среќни сме и доаѓаме во Сингапур со позитивна мисла иако ова е комплетно различна патека од последните. Се враќаме на патека со максимална потисна сила на улична патека слична на Монако – смета пјер.

Гасли верува дека Сингапур е тешка патека која е доста жешка и влажна, но е возбудлива бидејќи е под рефлектори.

Има две работи за кои сите зборуаат во Сингапур тоа е топлината и тоа што е ноќна трка. Дефинитивно тоа се тешки услови.

Моите тренинзи минативе недели беа насочени кон таквите услови за повеќе да се потам. Поминав доста време во сауна и амами. Круговите се со брзо темпо и со многу свиоци каде нема време да се земе здив. Сакам многу технички патеки кои даваат ритам. На таа трка мора да си фокусиран два часа во екстремни услови. Ова е најтешката трка во сезоната.

Сингапур за Гасли е трета трка по враќањето во Торо Росо и тој веќе се чувствува добро во болидот.

Торо Росо имаше позитивни резултати тука, но минатата година имавме тежок викенд. Ова е моја трета трка со тимот и веќе се чувствувам удобно во болидот и одиме напред со инженерите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ