Гасли: Подобро беше Макс да се бори со Ферари

Возачот на Ред Бул, Пјер Гасли изјави дека било подобро што неговиот тимски колега Макс Верстапен се борел со Ферари на трката во Кина.

Гасли ја имаше најдобрата позиција на крајот од една трка, откако дојде во Ред Бул од Торо Росо и заврши на 6то место. Французинот влезе по нови гуми на три кругови пред крајот на трката, а потоа го нападна и освои поенот за нјбрз круг на трката.

Мило ми е што имавме најбрз круг. Видовме дека имам “бесплатно“ менување гуми и се одлучивме да го искористиме тоа. Беше добро чувство.

Со Макс возевме еден до друг и сфативме дека не возиме иста трка. Немаше поента да се превзема ризик. Подобро е што тимот одлучи тој да се бори со Ферари. Се обидов да останам зад него и да чувам гуми.

По разочарувачките две трки на почетокот Гасли, полека но сигурно, се навикнува на болидот.

Се правиме постапно, чеко по чекор. Треба да се поправиме на многу место, но главно е дека знаеме каде да се поправиме. Ќе се фокусирам на наредните трки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ