Гасли помина без казна по сударот со Перез

Францускито возач на Торо Росо, Пјер Гасли, избегна казна по сударот со Серхио Перез од Рејсинг Поинт на крајот на трката во Јапонија.

Чеко се изврте по контактот со Гасли и заврши во заштитната ограда во последниот круг кога се бореа за 8та позиција во вториот свиок од Сузука.

Поради грешка на екраните на патеката трката пред време беше завршена и со тоа Перез го задржува 9то место иако сеуште тоа е под истрага. Стујардите отфрлија вина на било кој од возачите и нема да доделуваат казни.

Двајцата возачи имаа контакт а болидот број 11 беше понапред на надворешниот дел од кривината додека болидот 10 не можеше целосно да го види и поради тоа имаа контакт – гласи сооштението од официјалните лица на трката.

Пред да биде свесен дека си го задржува местото поради проблемот на ФИА со завршување на трката, Перез се пожали од Гасли кој му ја уништил трката.

Мислам дека беше непотребен контакт. Јас бев напред и му дадов простор, но тој не ме виде иако бев понапред на нови гуми и во последен круг.

ТОј се извлече и Мислам дека имаше среќа бидејќи и неговата трка можеше да биде уништена и да изгуби поени. Требаше да прифати дека позицијата е изгубена.

таквиот маневар Даниел рикардо ми го направи два пати во текот на трката и немавме никаков инцидент – појасни мексиканецот.

За неговиот дел од сударот Гасли не сакаше да обвини никој за инцидентот се додека не ги погледне снимките.

Би сакал да ги видам снимките прво пред да обвинам некого. Видов дека е таму и можеби очекуваше повеќе простор, но како што кажав не сакам да обвинам некого. Прво да ја видам снимката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ