Гасли сака гордост за французите на домашната трка

Пјер Гасли ќе учествува на домашната трка во Франција за прв пат со Ред Бул, а французинот признава дека е возбуден што ќе има можност конечно да вози на Пол Рикар со конкурентен болид.

Гасли се откажа на домашната трка минатата сезона откако имаше судар со Естебан Окон. Иако Окон остана без возачко место во 2019 година, Гасли премина во Ред Бул од Торо Росо, но немаше мнигу среќа во досегашниот дел од сезоната.

Иако предизвикот е голем за Гасли, тој се надева дека ќе ги направи французите горди на трката.

Ова е специјален викенд, навистина едвај чекам. Ќе направам се да го извадам максимумот, ова е одлична можност да се покажам пред моите сонародници.

Ќе има убава атмосфера, го сакам Пол Рикар, сум возел тука и во минатото, а Во Формула 4 победив во трката.

Сега возам за Ред Бул, конкурентен болид и тоа ме возбудува. Ќе дадам се од себе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ