Гасли сака “спотери“ во Формула 1

Пјер Гасли смета дека Формула 1 треба да размисли да воведе “спотери“ на трките, исто како што тоа го прави Индикар за да се избегнат инциденти на критични и тешко прегледни места како она на кое Себастијан Фетел и Ленс Строл имаа контакт во Италија.

Возачот на Ферари се изврте на Варианте Аскари и сакајќи да се врати на патеката што побрзо, не забележа дека надоаѓа Ленс Строл со голема брзина, при што имаа контакт, а возачот на Рејсинг Поинт исто така се изврте. Потоа Строл брзаше да се врати и го натера Пјер Гасли да излезе надвор од патеката за да избегне судар.

видов дека ленс е запрен на патеката и затоа што тоа беше место каде се вози многу брзо мислев дека ќе застане и ќе почека да минам, но кога видов дека се движи, морав да го заобиколам и завршив во песокот крај патеката, преблиску до ѕидот – објасни гасли.

Французинот е свесен дека високиот кокпит за максимална заштита на главата дефинитивно прави проблеми затоа што прегледноста од страна е минимална, но можно е да се воведе систем на надворешна помош, сличен на оној во Индикар, за да се избегнат инциденти во иднина.

најдобро решение за вакви ситуации е едноставно да се извртите таму. секако дека со обликот на формула 1 болидите и задолжителниот ханс, ротацијата на главата е многу ограничена. за жал тие не можеа да видат ништо од страна. можеби инженерите може да им дојават да не мрдаат, но секако сите се во трка и сакаат колку што може побрзо да се вратат. за среќа овој пат ништо страшно не се случи.

Индикар користи таканаречени “спотери“ односно луѓе поставени на критични делови од патеката кои ги предупредуваат возачите за инциденти кои тешко би ги виделе.

немам некое целосно решение за вакви проблеми, но мислам дека спотерите ќе беа најбезбеден начин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ