Гасли се мачел со суспензијата на крајот од трката

На Пјер Гасли од Торо Росо му олеснало што го завршил Јапонското Гранд При откако неговиот болид имал проблеми со суспензијата во последниот дел од трката.

Французинот стигна до последниот квалификациски сегмент во Недела наутро, а најголем дел од трката мина во поени по што на крајот мораше да му го препушти 7то место на Даниел Рикардо и да се задоволи со 4 поени.

Во претпоследниот круг се одбрани од заканите од Серхио Перез со кого имаше и контакт по кој мексиканецот заврши во ограда.

знаевме дека трката ќе биде тешка затоа што уште утрото не очекувавме да бидеме во к3, но успеавме да се квалификуваме на 9то мсто што беше одлично. на трка знаевме дека ќе биде тешко, така и беше.

трката беше навистина долга, а имав и проблем со суспензијата кон крајот што дополнително ми ја отежни работата. последните неколку кругови лизгав по целата патека, на 130Р бев немирен, а со ДРС отворен беше многу лошо – појасни гасли.

Пјер беше подобро пласираниот возач на Торо Росо и покрај тоа што имаше сам оедна сесија да се подготви за квалификации поради тоа што во текот на првите 90 минути му го препушти својот болид на Наоки Јамамото.

како што почна викендов, втората сесија во петок ми беше единствена за подготовка во пресрет на квалификациите на многу тешк апатека. немав многу време да го подготвам болидот д абиде каков што сакам и немав добра подготовка за викендот, но успеав дса бидам 9ти на втората сесија во петок и да с еквалификувам на исто место.

дефинитивно најконкурентен викенд за мене во торо росо, а секој следен е се подобар. исто така многу се подобрува и начинот на кој работам со инженерите.

има позитивни работи кои треба да ги пренесам понатаму на следните трки до крајот на сеозната.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ