Гасли се ресетира во Торо Росо

Пјер Гасли изјави дека ќе започне од ново со неговиот пристап кон Ф1 по враќањето во Торо Росо. Тој првиот дел од сезоанта го започна во Ред Бул каде извозе 12 трки, но поради лошите перформанси неговото место му беше дадено на Александер Албон. Французинот крајот на сезоната ќе го пречека во Торо Росо, а веќе го имаше и првиот тренинг со нив на Спа.

Французинот заврши на 17та позиција со заостанување од две десетинки зад Даниил Квјат, но не ја користеше новата спецификација на моторот на Хонда.

Во однос на процедурите, тука се слични со оние на Ред Бул и не ми е ново. ова е повеќе ресетирање на околината и во однос на чувството во новиот болид кој е различен.

Треба да се види што се прави на сопирање, на давање гас и тоа е нешто што е различно од минатите шест месеци. Не сакам да бидам негативен за уназадувањево и морам да се привикнам.

На прашање дали е повеќе предизвик да се навикне на болид со помалку или повеќе потисна сила, Гасли одговори:

Би рекол дека е потешко да си во болид со повеќе потенцијал за напад отколку со помалку грип, но моја работа е да го извлечам максимумот. Денес ја немав најновата спецификација но среќен сум со резултатот иако не бев конкурентен со Дани.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ