Гасли сменет поради излетувањата, Албон е подобар од Квјат

Ред Бул го избрале Александер Албон за замена на Пјер Гасли бидејќи доктор Хелмут Марко сметал дека е подобар од Даниил Квјат, а Пјер Гасли премногу излетувал на тестовите.

Минатата година Ред Бул го промовираа Гасли, но поради слабите резултати тој е вратен во Торо Росо. На негово место доаѓа Александер Албон кој ја вози неговата прва сезона и ќе има можност да докаже дека е конкурентен против Макс Верстапен. Следува 2020 година кога Ред Бул ќе одлучи кој ќе му биде колега на холанѓанецот.

Марко игра клучна одлучувачка одлука. Според австриецот, Гасли сеуште не можел да се одврати од предсезонските излетувања. Тој излета два пати во Барселона и со тоа јавно беше обвинет од Марко за нив.

Не еднаш, туку два пати. Тој излета и тоа беше тежок удар за нашата тест програма. Ни недостасуваа делови и не можевме да ги комплетираме тестовите. ТОј се чувствуваше виновен, Но тоа е дел од сезоната кој не може да се избрише. Пјер до оваа година беше брз и воопшто не се премислуваше кога престигнуваше. Сега ја нема таа брзина.

За одлуката да го заменат со Албон, Марко изјави дека е импресиониран од перформансите на тајландско-британскиот возач.

Јас сум оптимист. Да бидам искрен тој покажа одлични перформанси во првата година. Има стабилен прогрес.

Неговиот договор покрива само 9 трки до крајот на годината. НИкој не е сигурен за колега на Макс, а Алекс треба да расте и да не чувствува притисок.

Одлуката да се донесе Албон наместо Квјат дојде како изненадување бидејќи русинот освои подиум во Германија.

Мислам дека Албон е побрз. Знаеме колку е брз Квјат и тој е целосен возач. Но кога разгледавме повеќе фактори, го избравме Алекс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ