Гледаноста на Ф1 во Америка порасна за 20%

Американски ЕСПН откри дека по првите 13 трки во овогодишната Формула 1 сезона, гледаноста е зголемена просечно за 20% по трка.

ЕСПН втора година врши преноси од врвот на моторспортот. Последната трка во Белгија која беше емитувана на ЕСПН2 имаше просечна гледаност од 660.000 гледачи што е пораст од 37% во однос на претходната година и 29% во однос на 2017 гоина кога преносите се емитуваа на НБЦ.

Гледаноста на трката во Недела беше втора најголема за Белгиското Гранд При откако во 1995 година биле измерени 690.000 гледачи преку телевизија. Најголема гледаност од 770.725 гледачи имало во моментот кога Леклер ја минуваше целнта линија стигнувајќи до својата прва Формула 1 победа.

Цифрите на ЕСПН велат декаспортот во просек има од 667.000 гледачи сезоната што е 20% зголемување во однос на 554.000 гледачи по првите 13 трки лани и 22% зголемување во однос на 549.000 гледаче годиан претходно на НБЦ.

Исто така, американската телевизија откри дека на 10 од 13 трки сезонава имаат пораст на гледаноста во однос на лани.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ