Годинешниот Гудвуд ќе го слави Михаел Шумахер

Кариерата на Михаел Шумахер ќе биде прославувана на овогодинешниот Гудвуд фестивал на брзината кој ќе се одржи 4-7 Јули летово.

Темата на овогодинешниот настан е “Speed Kings – Motorsport’s Record Breakers”, Михаел е одбран откако се прослави неговиот 50ти роденден во Јануари, но и да се прослави 25-годишнината од неговата прва шампионската титула со Бенетон во 1994 година.

Од Гудвуд најавуваат дека препознатливите болиди кои ги возел заедно со пријателите, колегите и поранешните ривали, сите ќе бидат присутни во живо.

Мика Хакинен и Дејмон Хол, двајца возачи со кои Црвениот Барон се бореше за титула, ќе бидат помеѓу присутните и за очекување е да возат некои од болидите со кои германецот управуваше.

воодушевени сме што гудвуд одбра да ја слави кариерата на михаел во годината во која тој го слави својот 50ти роденден и 25-годишнината од неговата прва формула 1 шампионска титула.

годинешнава тема ‘Record Breakers’ совршено се вклопува во неговите неверојатни постигнувањеа и рекорди кои долго време нема да бидат надминати.

се надеваме дека јавноста ќе ужива во можноста да видат дел од победничките болиди и многуте негови пријатели, ривали и членови на екипите кои ќе дојдат на гудвуд како поддршка.

сакакаме да му се заблагодариме на војводата од ричмонт како и тимот на гудвуд штом му даваат таква улога на михаел годинава – изјави сабине кем, портпаролот на шумахерови.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ