Грид девојки на стартот и во Сингапур

Либерти Медиа ги забрани грид девојките пред стартот на трките, но организаторите на трката во Сингапур ги враќаат атрактивните дами на патеката. Според Yahoo Lifestyle Singapore, ноќната трка ќе има стјуардеси од Сингапур Ерлајнс, главниот спонзор на трката, исто како што беше и во минатото.

Нашите стјуардеси се амбасадори на нашиот бренд, на Сингапур Ерлајнс и така и ќе продолжи, со што ќе имаат улога на претстојната Формула 1 Голема награда на Сингапур – гласи соопштението од Сингапур Ерлајнс.

Либерти Медиа гледаат на грид девојките како на сексизам и поради тоа сакаат да ги исклучат од Формула 1 трките. Тие сакаат да бидат прогресивен бренд. Сингапур Ерлајнс и Сингапур од друга стрна сметаат дека сингапурските девојки се локална икона и поради тоа сакаат да ги имаат на стартот – изјави Дин Шамс, експерт за односи со јавност.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ