Гросжан вознемирен од Спа

Роман Гросжан беше на пат да заврши 6то место на Белгиското Гранд При, но очајно бавниот ритам во втората серија го спуштија на 13то место каде ја заврши трката.

Фрацузинот можеше да дојде до најдобриот резултат за тимот сезонава, но повторно се актуелизираа лошите страни на ВФ19 болидот кој беше лесно минуван од конкуренцијата. Роман почна со софт, а втораа серија му беше на медиум, заглави зад Даниел Рикардо кој рано промени гуми и поради тоа страдаше во вториот дел од трката, а потоа беше лесна мета за возачите на Кемел правецот.

Местото број 13 на Роман беше повеќе од 20 секунди зад 10от Ленс Строл кој беше последен возач во поени.

ритамот беше добар, а болидот исто така беше силен, на што бев изненаден. многу бев среќен првите неколку кругови кога успеав да ги следам норис и перез. ја продолжив првата серија, а потоа променив на медиум по што болидот стана посилен.

направив предност и мислев дека ќе имам одлична трка, но тогаш заглавив зад даниел кој имаше своја трка без никаква брзина на правците.

тешко ми е затоа што беше еден од тие денови кога мислите дека возите одлично давате се од себе, болидот е одличен и имате доста поени на дофат. пласманот за мене е благо речено вознемирувачки – потврди гросжан.

Кон крајот на трката, тој побара од тимот да го повлечат болидот за да го зачуваат моторот, но беше решено да остане до крајот на трката.

беше тешко. јасно е дека моторите мораат да издржат многу трки и ги прашав инженерите али е подобро да се повлечеме и да го зачувам моторот. секогаш сме лимитирани во однос на километрите на тренинг сесиите, така што секоја заштеда е добредојдена. сепак, беше исправно да се заврши трката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ