Гросжан лут што не добил надградби за домашната трка

Возачот на Хаас, Роман Гросжан изјави дека не ја добил посакуваната надградба на задната суспензија која му била достапна само на Кевин Магнусен, неговиот колега.

Тој ќе го дели осмиот ред на стартиот грид со Магнусен на неделната трка иако беше речиси половина секунда побавен во К1. Французионот претходно најави дека нема да ја доие надградбата до летната пауза и за тоа плаќа скапа цена.

Криво ми е што нема да ја добијам за домашната трка. Тука многу ќе значеше, бидејќи болидот не е брз, а без неа ќе ми биде уште потешко.

Тој имаше скратена сесија во петокот откако изгуби контрола над неговиот болидот за време на симулацијата на квалификации, но сепак тој е убеден дека не можел да излезе од К1.

Ми недостасуваше брзина. Кога ја поминав линијата во првиот круг, мислев дека извлеков се.

Вториот круг беше една десетинка побрз, но тогаш го изгубив задниот дел. Не направив ништо различно во првиот круг но болидот беше тежок за возење.

Магнусен заврши на 12та позиција во К1, но имаше побавен круг во следниот квалификациски сегмент.

Ветрот се промени и направив грешки во круговите. Се мачевме повеќе од останатите.

Тимскиот шеф Гунтер Стаинер изјави дека промените на болидот се мистерија.

Целиот викенд е чуден. Доколку ги погледнете сесиите прво сме напред па сме доле. Не можам да го објаснам ова, бараме решение за кое дискутираме во моментов. Што всушност се случува тука?

Не е лесен одговор бидејќи сите се збунети и не разбираме точно. Не сакам да зборувам за сите тимови, доволно е за мојот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ