Гросжан незагрижен за иднината: Среќен сум со моите перформанси

Роман Гросжан не е загрижен околу својот статус во Формула 1, како што тоа беше случајот пред 12 месеци, а французинот смета дека неговите перформанси годинава е повеќе постојани од 2018 година.

Тимот на Хаас Ф1 помина низ екстремно тежок почеток во својата 4та година во Формула 1, пласирани се на деветто место во пласманот на 9 трки до крајот и единствено позади нив се Вилијамс. Гросжан од скоро побара да вози спецификација на болидот од Австралија, наместо таа од Шпанското Гранд При, додека Кевин Магнусен ја користи последната.

Иако освои поени во само 3 од 12 трки и е пласиран на 17то место во пласманот, Гросжан смта дека тој има попостојани перформанси и прави помалку грешки во 2019 година во споредба со минатата. Воедно, тој не се плаши воопшто за својата иднина, како во истиот период во 2018 година.

Бев повеќе загрижен минатата година одколку оваа. Минатата година имаше повеќе причини бидејќи оваа година можев да седам дома, направив многу грешки, кои не требаше со оглед на моето искуство.

Но мислам од тогаш, се вратив прилично добро. Се што комунициравме годинава, враќањето на старата спецификација по мое барање, покажува дека искуството е важно во Формула 1.

Се во тимот е променето. Фокусот е на различни делови и како да го подобриме болидот, наместо само да носиме подобрувања без да знаеме каде сме.

На трките, јас сум среќен со моите перформанси. Мислам дека можев да бидам подобар во квалификациите на почетокот. Како што кажав, минатата година имаше многу причини, ако сум искрен, сега да седам по дома. Оваа година има значително помалку.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ