Гросжан размислувал за ДТМ и Формула Е

Роман Гросжан изјави дека разгледувал премин во ДТМ или Формула Е доколку не успеел да обезбеди уште една година во Формула 1.

Гросжан го задржа местото во Хаас и наредната година, што ќе биде негова 5та сезона во американската екипа. Хаас се одлучи да го задржи Гросжан наместо да го замени со достапниот Нико Хулкенберг.

Тој изјави дека цел му било да остане во Хаас но доколку тоа не се случело би заминал во Формула Е. За него опција Б било да замине во Формула Е, а доколку не се случело тоа опција Ц му било ДТМ.

Мислев дека доколку не продолжам во Формула 1 и имам мали шанси за освојување на шампионатот да заминав во серија каде што можам да успеам во тоа.

Секогаш сум бил страсен кон ДТМ, уште од Формула 3 во 2006 година бидејќи тоа е одличен шампионат и авомобилите изгледаат убаво – смета французинот.

Роман ја имаше својата најлоша сезона во неговата кариера годинава. ДТМ и Формула Е се најблиски серии каде свое прибежиште наоѓаат поранешни возачи на Ф1.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ