Гросжан сака постојаност помеѓу квалификации и трка

Роман Гросжан вели дека клучот да се подобрат резултатите на Хаас во трките е нивниот болид да има постојани перформанси како во квалификациите, така и во трката.

Хаас моментално се на деветто место во пласманот, само неколку поени позади Алфа Ромео на шесто место, мала разлика која ја отсликува тесната ситуација во средината.

Сепак, американската екипа и нивните перформанси годинава се поради неможноста на нивниот болид да ги одржи пневматиците во оптималниот прозор, хроничен проблем кој Хаас не успеваат да го решат.

Не сме имале добар викенд веќе долго време. Нашите перформанси во Петок на последните неколку викенди не беа неверојатни. За жал, работите се потврдуваат во Недела.

Важно е да се има болид кој е брз во квалификации, но и во долгите стинтови, така што има на што да работиме за трката за да добиеме самодоверба. Тоа не беше случајот во последните две трки и секој пат кога сме во трка, имам чувство дека ќе биде комплицирано и за жал, беше.

Сите работат напорно. Очигледно не е ситуација со која сите се среќни. Сакаме да бидеме подобри, да постигнеме повеќе. Да, сите се мотивирани. Сите работиме заедно. Сите сме дел од тоа, од возачите до инженерите, до механичарите и до тимскиот шеф.

Ова е прв пат во четири години кога се наоѓаме во ваква ситуациај, но се случува со секој тим. Ќе се подобриме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ