Гросжан силно вознемирен по трката

Роман Гросжан имаше одличен старт на Белгиското Гранд При, но не беше во можност да ги одржи перфромансите во текот на целата трка и на крајот се пласираше на 13то место.

Откако се искачи дури на шесто место, тешко беше за французинот да прифати дека нема да заврши во поени, што ја направи ситуацијата уште полоша за возачот на Хаас.

Многу сум вознемирен во моментов. Не кон некој посебно, едноставно со ситуацијата. Имав одличен старт. Болидот функционираше многу добро на почетокот на трката. Бев навистина среќен. Мислам дека ќе имам навистина добро попладне.

Се борев најсилно што можев, но немав шанса за претекнување. Имавме премногу отпор, а не доволно брзина. Не е поради нашиот избор, едноставно не можеме да ги работиме добро пневматиците.

Многу е тешко да се борите со тоа и да не направите грешки. Лошо чувство е кога од шесто место ќе завршите на 13то, а не можете ништо да направите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ