Гросжан смета дека картингот е понапорен од денешната Ф1

Роман Гросжан смета дека дури и денешниот картинг е физички понапорен одошто возење на Формула 1.

Во пресрет на трката во Канада, Хамилтон изјави дека врвот на моторспортот треба да е помашаки и потежок, а со тоа се согласува и французинот Гросжан.

неодамна се тркав во каргин со другарите, 125 кубни сантиметри мотор и менувач, а по трката бев поуморен отошто по гранд при.

зошто? затоа што цело време притискате, а во формула 1 штедите гориво и гуми цела трка. во барселона се почувсвував како да возев со половина од капацитетот на болидот.

ако трките беа како квалификациите, вратовите ќе не убиваа и на карајот ќе бевме уништени. ќе бевме уморени, а фокусот и концентрацијата ќе исчезнуваше, но константното штедење гориво и гуми ни ја олеснува работата

исто така, ако се вратиме на долевањето на гориво тоа ќе значи дека нема дап очнуваме со 100 килограми гориво, туку со 30-40 и ќе бидеме неколку секунди побрзи. ако ништо друго, ќе биде поинтересно – објасни гросжан.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ