Гросжан со специјална кацига на домашната трка

Роман Гросжан објави фотографии од специјален дизајн на својата заштитна кацига за домашната трка во Франција.

Кацигата, која е дизајнирана со геометриски шари во сјајно розева боја, е дизајнирана од пријател на Гросжан, францускиот уметник Ричард Орлински.

Пред домашната трка, Гросжан, кој заврши на 11то место надвор од поените минатата година, се надева на поуспешна трка викендов.

Минатата година беше многу добро искуство. Навистина уживав во патеката и подршката од фановите. Одвај чекам на трката годинава.

Се надевам на подобар резултат. Да се надеваме на добар викенд, добра трка, да не потрошиме премногу енергија надвор од патеката, но од друга страна, сакам многу да споделам со фановите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ