Гросжан: Фокус е цел пакет да работи како што треба

Роман Гросжан смета дека главен фокус на тимот на Хаас е да се осигураат дека ВФ19 пакетот на тимот во Франција ќе работи без проблеми и оптимиирано по многуте проблеми од стартот на сезонава.

Американската екипа имплементираше неколку аеродинамички новини уште во Барселона, новини кои се покажаа добри, но хроничниот проблем со гумите не им дозволува да покажат дека се подобруваат. Краен резултат е 4от најбрз болид на гридот се мачи да освојува поени.

годинава е интересна и не онаква на каква што се надевавме на почетокот. имаме одличен болид, имавме и неколку добри трки, но имаше и онакви на кои навистина немавме среќа затоа што болиодт стануваше многу сложен за коирстење.

перформансите ни се “горе – доле“ што е сосема различно од лани кога барем бевме константни. раотиме напорно што подобро да го разбереме пакетот и да го извадиме најдоброто од него – објасни роман.

Французинот бара добар резултат до кој може да се стигне само со оптимална работа на сите делови од пакетот на тимот.

новините од барселоа одлично работат. франција дефинитивно патека каде аеродинамиката има поголем удел, повеќе одшто монако и монтреал и тоа ќе биде добар тест за нас. главен фокус ни е пакетот да работи како што треба, а со тоа мислам гумите да се оптимизирани.

треба да продолжиме да учиме и да се подобруваме, да го засилувам мојот однос со инженерите се повеќе. минаа амо седум трки, а ние сме доста нова екипа. секако кога гумтие работат како што треба сме одлично, но тоа не се случува и тоа ни ја комплицира целата работа.

Лани французинот ги зезна квалификациите пред домашната публика, а доби и казна по сударот со својто сонародник Естебан Окон на почетокот од трката.

се надевам на многу подобар резултат затоа што лани иамв трка за заборав. сакам подобар викенд, сакам силна трка и не сакам да трошам енергија надвор од патеката, но сакам средби со фановите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ