Г-дин “Драма“: Хамилтон нема да дозволи Нетфликс да го прикаже во Германија

Луис Хамилтон вели дека нема да дозволи снимки од него на Германското Гранд При да се прикажат во серијата “Drive To Survive“ на Нетфликс, доколку истите го прикажат додека боледува на патеката.

Да не заборавиме, на Нетфликс им беше дозволен пристап од Мерцедес во текот на една трка од сезоната, а домашната трка за Сребрените Стрели беше главниот избор.

Продуцентите го направија правилниот избор во трка на која Мерцедес прослави 125 години од учество во моторспортот и своето 200то Гранд При со специјална шара и костуми во текот на викендот, што заврши во мизерија на патеката.

Хамилтон излета два пати, го оштети своето предно крило првиот пат, влезе во бокс кога механичарите го чекаа Валтери Ботас, кој пак се удри и ја заврши својата трка предвреме.

Им дадовме на Нетфликс повеќе содржина одколку во било кој викенд – истакна Тото Волф.

Мерцедес ги блокираа Нетфликс додека ја снимаа својата прва сезона, а изгледа дека Хамилтон ќе се обиде со иста тактика, откако го имаше својот најмизерен викенд досега.

Нема да бидам дел од шоуто толку многу, бидејќи бев болен цело време. Нема да им дозволам да го прикажат тоа – вели Луис.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ