Двојното менување гуми било идеја на Тото Волф

Идејата за двојно мнување на гуми во исти круг на болидите на Луис Хамилтон и Валтер Ботас била на Тото Волф, откриваат од тимот.

По одлуката на Ред Бул да промени втор пат гуми кај Макс Верстапен, се појави домино ефект затоа што веднаш влегоа и Ферари, за да спречат да бидат минати низ бокс, во најкус рок тоа мораа да го направат и “сребрените стрели“. Доколку Ботас влезеше пред Хамилтон, ќе беа безбедни од Ферари, но тој можеше да го претекне колегата, а доколку Луис променеше прв, Валтери беше под опасност да биде минат од Себастијан.

По кусо размислување, Волф дошол до предлог да се променат гумите во истиот круг, нешто што ретко се случува поради големиот ризик кој го носи. Предлгот на Тото бил размислен од страна на главниот стратег, Џејмс Вауелс, кој потврдил дека тоа е можно и изводливо, а спортскиот директор Рон Медоус дал зелено светло за целата операција.

тото беше тој кој предложи да менуваме во истиот круг. идејата потоа ја дискутираа џејмс вауелс и рон медоус кој е спортски директор и мораше да провери дали разликата помеу нашите возачи е доволна за да механичарите се подготват за второто менување. сепак, џејмс е тој кој на крајот решава дали да се оди со предлогот или не – појасни главниот инженер на тимот, ендру шовлин во својата анализа по трката.

Шовлин призна дека постоело доста голем ризик затоа што таквите за менувања не се тренира и вежба помеѓу трките.

немате два болиди на кои вежбате, имаме само еден питстоп болид и на него вежбаме како два пати едно по друго да се променат гуми. не е исто затоа што никогаш не симулираме со втор болид кој доаѓа во боксот.

тешко е за човекот кој го подигнува задниот дел да се тргне од патот кога првиот болид е готов и потоа повторно да се врати во позиција за вториот болид. целата кореографија е тешка за органзиација, носи ризик и морате да се осигурате дека вистинските гуми се на вистинскиот болид, но ние бевме подготвени.

таква работа не се прави доколку не морате и ако се појават проблеми кај првиот болид, тогаш тоа расипува се. по тоа менување може да ги загубите двете позиции во неколку секунди, но за нас имаше логика да рзикуваме затоа што имавме се што беше потребно – појасни шовлин.

Всушност, менувањето на Ботас било побрзо од она на Хамилтон и тој всушност “ќарил“ половина секунда во однос на својот колега.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ