Де Вриес сака во Ф1: Норис и Албон не се подобри од мене

Формула 2 возачот, Ник де Вриес, е реен како и секогаш да стигне до Формула 1 особено по промоцијата на двајца негови лански колеги за кои смета дека се на негово нибо.

22-годишниот холанѓанец возеше за силниот тим Према, а 2018 гоина ја заврши на 4то место во проедокот, зад Џорџ Расел, Ландо Норис и Александер Албон, тројцата возачи кои напредуваа во Формула 1 престојната сезона. Де Вриес стигна до 3 победи во Формула 2 лани и се надева дека со уште подобра 2019 година ќе стигне до својот сон.

не сакам да звучам арогантно, но норис и албон по мене не се ништо подобри од мене. норис победи на само една трка, албон на четири, а јас победив три пати, но тоа е веќе минато. годианва сакам да се осветам и да одам на титула со арт – призна де вриес за холандски Friesch Dagblad.

Ник признава дека гледањето на неговите колеги како напредуваат во врвот на моторспортот може да биде демотивирачки особено откако не ги исполнил целите кои ги имал поставено.

пораснав со околу 70% од сегашниот формула 1 грид. секако дека понекогаш сум фрустриран што тие се таму, а не јас, но секој оди по својот пат и за некои е полесно од други.

пред неколку години тоа што го одбрав мекларен беше најдобро за мене, но кога перформансите на екипата опаднаа, губеа спонзори и беше неопходно да се намали трошењето, а тоа воопшто не ми помогна. но горд сум како преживеав последните неколку години и горд сум што сеуште сум тука.

Де Вриес е еден од фаворитите за Формула 2 титулата оваа сезона иако нема да има недостаток на конкуренција, особено дебитантот Мик Шумахер од кој сите очекуваат многу.

порелаксиран сум од лани, имам искуство повеќе и знам што треба, а што не треба да направам. повторно ќе биде жестока битка со сите на патеката – најави ник.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ