Директорот на Рич Енерџи ги обвини акционерите за “државен удар“

Драмата која се случува со спонзорството на Рич Енерџи над Хаас Ф1 продолжи и во текот на вчерашниот ден откако извршниот директор на компанијата, Вилијам Стори, изјави преку Твитер дека претходната изјава на компанијата била “луда“ и “смешна“.

Според твитот на Стори, кој беше посочено првично дека е објавен од мнозинство на акционери, всушност станува збор за малцинство.

Лудата изјава од малцинство на акционери кои се блиски до Ред Бул и Вајт Бајкс е смешна. Нивниот обид за “државен удар“ пропадна. Јас ги контролирам се во Рич Енерџи и ја имам подршката од сите клучни акционери.

Изјавата преку Твитер се појави само 24 часа по првата, во која се тврдеше дека Рич Енерџи го раскинале договорот со Хаас Ф1 поради слаби перформанси и во која се тврдеше дека тие целеле да ги победат Ред Бул, а завршиле позади Вилијамс во Австрија, што е неприфатливо. Исто така стои дека политиката и политички коректниот однос во Ф1 негативно влијае над нивниот бизнис и дека му посакуваат на тимот се најдобро.

Рич Енергџи го истакнаа следното по првиот твит:

Очигледно посебните дела на еден индивидуалец доведоа до голем срам. Ние сме во процес да ја отстраниме таа личност од сите извршни одговорности. Тие може да коментираат за себе, но тоа не е гледиштето на компанијата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ