Добрата трка на Норис уништена со стратегијата

Фрустрираниот Ландо Норис вели дека Лоша стратегија од страна на Мекларен на Британското Гранд При го оневозможила британецот да освои поени на својата домашна трка.

Норис имаше одличен старт во трката по импресивни перформанси во квалификациите со пласман на 8то место и во првиот круг го претекна Даниел Рикардо.

Стратегијата со две влегувања на Норис започна во 13от круг со медиум пневматици, но потоа тимот одлучи да не го внесе за време на безбедносното возило. Норис признава дека таа одлука била неправилна и не можел да се ги надомести позициите.

Донесовме погрешна одлука за време на безбедносното возило. Не влеговме кога требаше. Не се коцкавме, се надевавме дека повеќе луѓе ќе влезат при крајот, како Албон, но тоа не се случи.

Да, одлуката беше погрешна, но не можевме да знаеме кога ја донесовме. Сеуште го подржувам тимот, тие не згрешија ништо, едноставно не донесовме правилна долука.

Мислам дека го постигнав максимумот. Не сакав вака да возам на домашната трка, но уживав во викендот и одвај чекам да се вратам наредната година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ