Доменикали се присетува: Шумахер никогаш не го кривеше Ферари

Со сета врева којашто во моментов се крева во Ферари, поранешниот шеф на екипата, Стефано Доменикали, се присетува дека петкратниот првак и легенда на тимот, Михаел Шумахер, никогаш не го обвинил тимот за ништо.

Германецот е седумкратен првак во Формула 1, а пет од своите титули ги има освоено со болидот на Ферари. Во свое време тој доминираше во спортот, а Доменикали го фали неговиот став.

никогаш не го обвини тимот за никаков проблем кој ќе се појавеше, а имаше многу можности да го направи тоа, како на пример во силверстон во 1999 година кога имаше несреќа по која заврши со скршена нога. проблемот тогаш беше што еден скршен шраф беше доволен тој да заврши во ѕид со голема брзина, но никогаш не рече ништо негативно нити окриви некого.

михаел никогаш не беше целосно задоволен, секогаш сакаше да победува и бараше повеќе, сакаше да се натпреварува, одеше чекор по чекор и секогаш правеше анализа како да ја подобри ситуацијата – изјави доменикали.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ