Доменикали смета дека на Мик му треба уште една Ф2 сезона

Поранешниот шеф на Скудерија Ферари и сегашен Главен извршен директор на Ламборџини, Стефано Доменикали, смета дека на младиот Мик Шумахер му треба уште една Формула 2 сезона.

Доменикали беше близок соработник со таткото на Мик, легендарниот Михаел Шумахер во неговиот ултра-успешен престој во Ферари.

Гласините во падокот велат дека Алфа Ромео размислуваат да го заменат Антонио Џовинаци на крајот од сезоната и следната година да му дадат шанса на младиот Шумахер, но Стефано не смета дека тоа е добра идеја.

го знам мик буквално од дете, сега е големо момче, но мислам дека треба да му се даде време.

му треба уште една година во формула 2 за да продолжи да се развива пред да влезе во формула 1. секако дека неговиот талент е огромен како и желбата да успее.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ