Доминацијата на Мерцедес ја уништува гледаноста

Апсолутната доминација на Мерцедес оваа година ја уништува гледаноста на трките на телевизија.

РТЛ во Германија, телевизија која ги емитува трките бесплатно известува дека гледаноста на трките се намалила за 1 милион гледачи споредено со минатата година.

Колку и да оддаваме признание на Мерцедес, гледаноста се намалува бидејќи нема возбуда. Факт е дека ништо веќе не ги привлекува гледачите – изјавија од РТЛ

И Луис Хамилтон кој победи на 3 од 5 трки оваа година изјави дека проблемот е многу комплексен.

Искрено болидите не се доволно тешки за возење. Сега гледаме како некои млади возачи немаат никакви проблеми иако прв пат седнуваат во болидот. Ова треба да се промени во 2021.

Хамилтон признава дека недостатокот на конкуренција не ја прави забавна иако Ферари и Ред Бул може да се конкурентни.

Доколку го нема тоа тогаш нема возбуда и Формула 1 не треба да е ваква.

Но не е наша вина што момците се толку добри во работата. Ред Бул има добар мотор, но болидот изгледа не е. Ферари има сила но повеќе проблеми

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер изјави дека Мерцедес нема лесно да дојдат до титулата.

Се чини дека биде титулата ќе биде на Мерцедес. Но се случува. Годината е долга.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ