Драмата продолжува: Рич Енерџи го смени директорот и името

Контроверзниот Главен извршен директор на Рич Енерџи, Вилијам Стори, повеќе не е дел од компанијата на која и самиот беше еден од основачите, а официјален документ потврди дека компанијата го променила и името и во моментов се вика Лајтнинг Волт.

Стори е во спор со останатите акционери од минатата недела кога на Твитер напиша дека договорот со Формула 1 тимот на Хаас е раскинат поради слабите резултати на екипата, нешто што останатите акционери побрзаа да го демантираат. Потоа следуваше внатрешна борба со Стори по која мнозинството акционери го превзема раководењето на компанијата и го острани директорот.

вилијам стори, еден од основачите на рич енерџи, го продаде својо удел во компанијата. одлуката беше донесена поради несогласување со останатите акионери – потврди самиот стори на твитер.

Информации од британскиот регистар на компании потврдуваат дека тој повеќе не е прв човек на Рич Енерџи, функција која во моментов ја извршува хрватот Зоран Терзиќ. Стори повеќе не е ниту лице со мнозинска контрола во компанијата, таков со сопственост на околу 75% од акциите е Метју Кели.

Официјалното седиште на компанијата беше претходно променето од базата на Стори во Ричмонт, во Лондон на адреса на компанијаа БДГ Груп на Нотинг Хил. Поврзаноста на Рич Енерџи односно Лајтнинг Волф со БДГ Груп сеуште е нејасна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ