Драма во Мерцедес: Протекување на хидрауликата кај Хамилтон

Мерцедес се соочува со драма во последен момент во Канада откако екипата открила протекување на хидрауличната течност во болидот на Луис Хамилтон.

Британскиот актуелен првак се квалификуваше на 2ро место со две десетинки зад својот ривал Себастијан Фетел. Проблемите со хидрауликата биле откриени во Сабота навечер, така што тимот напорно работи за да го реши тој проблем.

Во тимот морале да го отстранат целосно моторот на Хамилтон, исто како и подот и сето тоа било направено денеска наутро, со цел да се најде причината за протекнвуањето и истата да се отстрани пред стартот на трката.

Согласно парк ферме правилата, доколку во Мерцедес го поправат протекувањето без да променат спецификација на некој дел, тогаш Хамилтон ќе го задржи своето место во првиот ред на стартот.

ја откривме причината за протекувањето откако болидот излезе од парк ферме и во моментов го склопуваме болидот. планот е се да биде подготвено за трка – изјавил портпарол на мерцедес.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ