Дупнатата гума предизвикала извртување кај Џовинаци

Антониот Џовинаци откри дека дупната гума за која не бил свесен е виновна за неговото извртување на Силверстон што го донесе Безбедносното возило на патеката и промени многу работи.

Возачот на Алфа ромео “бркаше“ финиш во поени, но се изврте во 21от круг и заглави крај патеката во песокот.

ми се дупна гумата, не знам зошто и како и не бев свесен за тоа. мораме темелно да го провериме болидот – кус беше италијанецот по откажувањето.

Антонио имаше подобри квалификации од својот колега Раиконен трета трка по ред, но тоа не успеа да го претвори во подобар финиш на трка, затоа што Кими повторно освои поени.

не сме вистински задоволни со трката особено поради тоа што бев многу блиску до кими, а тој заврши на 8мо место. можев и јас до поени, но тоа е тоа.

Џовинаци заостанува 24 поени зад својот колега, а единствено возачите на Вилијамс без поени се зад него.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ